Средба на претседателот Пендаровски со украинската амбасадорка Задорожњук

4 септември 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук.

На средбата се разговараше за актуелните случувања во двете држави, во контекст на состојбата со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките што се преземаат за надминување на последиците на здравствен, економски и на социјален план.

Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и за потенцијалите за нивно унапредување. Политичките односи меѓу двете земји, беше оценето на средбата, ги карактеризира дух на пријателство, доверба, како и соработка во повеќе области од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски го истакна интересот за унапредување на севкупната соработка меѓу двете држави, особено на економски план имајќи го  предвид потенцијалот што договорот за слободна трговија меѓу двете држави го нуди.

На средбата амбасадорката Задорожњук на претседателот Пендаровски му ја предаде и честитката од украинскиот претседател Володимир Зеленскиј по повод 8 Септември, Денот на независноста, којашто ја проследуваме во прилог:

„Ваша Екселенцијо!

Примете ги моите искрени честитки во име на народот на Украина и од мое лично име по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Ги ценам традиционално пријателските односи меѓу нашите држави и сум благодарен за поддршката на Северна Македонија на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Убеден сум дека заедничките приоритети на европската и евроатлантската интеграција се солидна основа за ефективно реализирање на постојниот потенцијал на нашата билатерална соработка.

Користејќи ја оваа пријатна прилика, Ви посакувам, Ваша Екселенцијо, добро здравје и успеси во одговорните државни активности, а на пријателскиот народ на Северна Македонија – мир и хармонија.“

                                                                                                                                                 Со почит,

                                                                                                                                     Володимир Зеленскиј

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...