Средба на претседателот Пендаровски со стопанските комори од Платформата за јавно-приватен дијалог

24 февруари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателите на четирите стопански комори коишто се дел од Платформата за јавно-приватен дијалог.

На средбата, претседателите на коморите на претседателот Пендаровски му ги презентираа прогнозите и предизвиците со кои би се соочиле во 2021, со осврт на минатата исклучително тешка година, како на здравствена, така и на економска основа.

Претседателите на коморите информираа за своите анализи и очекувањата на бизнис секторот, за динамиката по која ќе се одвива увозот и извозот на стоки и услуги. На средбата се разговараше и за владините интервенции во вид на пакети за помош на бизнис секторите погодени од Ковид-19.

Истовремено, коморите од Платформата за јавно-приватен дијалог посочија дека треба да се намали бројот на закони кои се носат по брза постапка, а коишто се однесуваат на стопанството. Во оваа насока, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за консултација со било која од коморите при потпишување на указите на законите кои регулираат поединости во бизнис секторот.

На средбата присуствуваа Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија, Неби Хоџа од Стопанската комора на северозападна Македонија, Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори и Анета Антова Пешева, претседателка на управниот одбор на МАСИТ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...