Средба на претседателот Пендаровски со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон

8 март 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи и притоа беше нагласен интересот за интензивирање на економската соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка и помош од Шведска, која е силен поддржувач на политиката на проширување на Европската Унија и изрази очекување дека Северна Македонија и Шведска и во иднина ќе ги јакнат меѓусебните односи и врски преку постојано унапредување на соработката и поддршка на македонските евроинтеграции.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...