Средба на претседателот Пендаровски со Сојузот на Македонците со исламска религија – СМИР

7 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Љатиф Пајкоски, почесениот претседател Исмаил Бојда и Амир Абдула, член на СМИР.

 

На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за положбата и состојбата на Македонците со исламска религија, како и за досегашните и претстојните активности на Сојузот.

Претставниците на Сојузот го запознаа претседателот со предизвиците со кои се соочуваат во зачувувањето на своите специфични културолошки особености, и го посочија проблемот на нивна недоволна застапеност во институциите.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за напорите на Сојузот во застапување на нивните права и интереси,  презентација и афирмација на специфичните традиции, обичаи и фолклор на Македонците со исламска религија.

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со Доника Грвала-Шварц, заменик-премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово

Средба со Доника Грвала-Шварц, заменик-премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Доника Грвала-Шварц, заменик-премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово. На средбата беше изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу...

Средба на претседателот Пендаровски со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен

Средба на претседателот Пендаровски со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен. [gallery...

Средба на претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска со членови на здружението „Дневен центар Доза среќа“

Средба на претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска со членови на здружението „Дневен центар Доза среќа“

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска во Кабинетот на Претседателот се сретнаа со членови на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“. [gallery...

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес од 1963 година

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес од 1963 година

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје. [gallery...