Средба на претседателот Пендаровски со Андреас Шидер, европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Република Северна Македонија

4 мај 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската Унија. Во таа насока, претседателот изрази задоволство од последната усвоена Резолуција од страна на европратениците, во која непристрасно се нотира реалната слика за постигнатите реформи и политичката состојба во земјата.

Во разговорите беше посочено дека и покрај потешкотиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија останува силно посветена на евроинтегративниот процес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за ангажманот на австрискиот европратеник Шидер, и ги реафирмираше очекувањата за што поскоро усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата меѓувладина конференција со Европската Унија за време на португалското претседателство.

Соговорниците изразија очекување дека соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Европскиот парламент ќе продолжи со уште позасилена динамика во иднина, за што значаен придонес и поттик дава конструктивниот дијалог во Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...