Средба на претседателот Пендаровски со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел

17 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Северна Македонија, како и за напредокот во клучните области.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето Европската Унија да ги валоризира севкупните напори на државата и да биде направен исчекор во однос на почетокот на пристапите преговори за членство, во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион. Во светло на последниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, двајцата соговорници разговараа и за односите меѓу двете земји, осврнувсјќи се на напорите на португалското претседателство со ЕУ и можностите за надминување на отворените прашања во пресрет на претстојниот Совет за општи работи на Унијата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...