Средба на претседателот Пендаровски со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика во Парламентот на Албанија

23 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина.  Во тој контекст ја нагласи важноста од продолжување на динамичната соработка меѓу парламентите на двете држави.

Покрај ова беа разменети мислења и информации за европските интеграции, како и за последниот развој на настаните по одржувањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија. Притоа, соговорниците се согласија дека и Северна Македонија и Албанија заслужуваат недоложно да ги започнат преговорите со Европската Унија, при што оценија дека тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион и  е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација

Средба на претседателот Пендаровски со Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација. На средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми...

Средба на претседателот Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт

Средба на претседателот Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. На средбата се разговараше за соработката меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се остварува преку...

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот факултет при УКИМ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот факултет при УКИМ

Во Кабинетот на претседателот денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Mиле Бошњаковски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, проф. д-р Ратко Дуев. Соработката помеѓу...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Порака од претседателот Пендаровски по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ја упати следната порака: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис...

Претседателот Пендаровски се обрати на доделувањето на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

Претседателот Пендаровски се обрати на доделувањето на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

Претседателот Стево Пендаровски, вчеравечер се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на претседателот. Годинешни носители на наградата се актерката Изабела...