Средба на претседателот Пендаровски со Роналд Лаудер, претседател на Светскиот Еврејски Конгрес

13 октомври 2021 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски кој е во работна посета на Кралството Шведска и учествува на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против анти-семитизмот „Remember – React” (Запомни – Реагирај), денеска во Малме се сретна со Роналд Лаудер, претседател на Светскиот Еврејски Конгрес.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е посветена на зачувување на споменот на Холокаустот и обезбедување историска одговорност за што презеде конкретни мерки и активности кои беа широко признаени и ценети. Во таа насока, претседателот Пендаровски го издвои отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, усвоените работни дефиниции на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – за антисемитизмот и за негирање на Холокаустот, усвоената Декларација по повод 75 – годишнината од депортацијата на македонските Евреи, како и реализираните значителен број домашни и меѓународни семинари за едукација и обука и комеморативни настани во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека Холокаустот не смее да заборави, како и дека е потребно да се едуцираат младите генерации за Холокаустот и неговото негирање. Во оваа насока, како што потенцираше претседателот Пендаровски, Република Северна Македонија поднесе апликација за полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот, ИХРА.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...