Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Бернар Емие, директор на француската генерална дирекција за надворешна безбедност, ДГСЕ.
На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните случувања во регионот, безбедносните предизвици и потенцијалните ризици поврзани со настаните во поширокиот регион.
Претседателот Пендаровски оцени дека соработката меѓу безбедносните агенции на земјите-членки на НАТО е од исклучителна важност за безбедноста, како на Алијансата, така и на регионот и на Северна Македонија како најнова НАТО членка.