Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари кратка средба со директорот на британската безбедносна агенција, МИ6.
Соговорниците разменија мислења и информации за политичките и безбедносните случувања во нашиот и поширокиот регион.
Претседателот Пендаровски нагласи дека соработката со безбедносните агенции на земјите членки на НАТО Алијансата се одвива во добри рамки особено што истата е значајна поради консултациите и разговорите на сојузниците за заедничките безбедносни предизвици.