Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Френсис Фукујама, американски филозоф, научник, политичко-економски аналитичар и автор и со професори од Универзитетот Стенфорд во САД кои престојуваат во Република Северна Македонија по повод одржувањето на „Лидерска академија за развој” организирана од Институтот за демократија „Социетас Цивилис”, а која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје
Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...