Средба на претседателот Пендаровски со група граѓани

28 март 2022 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на нивно барање прими група граѓани, жители на ул. „Питу Гули“ од Скопје, а во врска со градежни работи кои се изведуваат во непосредна близина на оваа улица. Адвокатката Сузана Јошевска – Атанасовска, која е правен застапник на засегнатите граѓани го образложи ставот на граѓаните, сопственици на имоти на ул. „Питу Гули“, кои имаат непосреден правен интерес во случајов.

Сопствениците на имот на улица „Питу Гули“, населба Водно, кои имаат непосреден правен интерес, сметаат дека нивното нормално живеење и интереси, би биле засегнати од издаденото одобрение за градба на објект на ДУП Градска Четврт Ј07, издадено од општина Центар. Според нив, изведеното одобрение за градба е спротивно на деталниот урбанистички план и спротивно на максималната катност дозволена со планот.

Претседателот Пендаровски истакна дека очекува државните институции на централно и локално ниво да работат во служба на јавниот интерес и функционирање на правната држава, со цел да се заштитат правата на граѓаните.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од...

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите...

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на...

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. На средбата со Ертан Шакири,...

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...