Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман

15 јуни 2022 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата се потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави и беше изразено задоволство од интензивниот политички дијалог, конструктивните разговори, како и размената на посети на високо и највисоко ниво, за што говорат и учествата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и министерот Грлиќ Радман на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ што ќе се одржи  во Охрид.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната хрватска поддршка за евроинтегративниот процес и изрази подготвеност и очекувањe за што поскоро одржување на првата Меѓувладина конференција и започнување на пристапните преговори со ЕУ. Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за последниот развој на настаните во соседна Бугарија, како и за напорите на француското претседателство со Унијата за деблокада и пробив на процесот.

Претседателот Пендаровски и министерот Грлиќ Радман разговараа и за актуелните состојби во поширокиот регион, вклучително и за руската инвазија врз Украина, како и за безбедноста и стабилноста на Европа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...