Средба на претседателот Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт

17 август 2022 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

На средбата се разговараше за соработката меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се остварува преку обука на припадниците на двете армии, реализација на заеднички вежби, како и заедничко учество во мировни мисии.

Претседателот Пендаровски истакна дека Соединетите Американски Држави се наш клучен поддржувач од нашата независност до денес, а соработката во областа на одбраната која почнува од самото формирање на нашите вооружени сили во 1992 година постојано се унапредува и продлабочува. Како потврда за одличната соработка беше посочено заедничкото учество на воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак, спонзорирана од Армијата на САД во Европа заедно со силите од шест други членки на НАТО, а на која учествуваа околу 4.600 војници.

На средбата стана збор и за Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година и другите билатерални правни аранжмани, коишто обезбедуваат широка рамка за соработка, при што беше посочено дека имa потенцијал за продлабочување на стратешкото партнерство.

На средбата и претходеше свеченост во Кабинетот на Претседателот на која генерал-мајорот Грегори Најт му додели „Медал за заслуги“ на претседателот Пендаровски за особени достигнувања во периодот од 12 мај 2019 година до 9 јули 2022 година, како извонреден и важен поддржувач на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...