Select Page

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Владата Заев

16 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

На средбата, премиерот Заев упати честитки за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа на претседателот Пендаровски.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.

Претседателот и Премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Северна Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани сограѓани, Во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна...

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста  за   ракот   на   дојката

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

 Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк. „Имаме двојна обврска во врска со...

Порака од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 50-годишнината на фестивалот за детски песни „Златно Славејче“

Порака од претседателот Пендаровски по повод 50-годишнината на фестивалот за детски песни „Златно Славејче“

По повод одржувањето на 50. издание на фестивалот „Златно Славејче“, претседателот Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот упати порака по повод овој значаен јубилеј, посакувајќи им успех на сите учесници, во која истакна: „Веќе половина век фестивалот...

Pin It on Pinterest