Select Page

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец

16 јули 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, во рамки на официјалната посета на Република Словенија, оствари средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со доверба, пријателство и цврсто партнерство, и се разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот и на Балканот.

Претседателот Пендаровски изрази надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Република Словенија ќе продолжи и во иднина. Во тој контекст, Претседателот изрази очекување дека Република Северна Македонија во најбрзо време ќе стане членка на НАТО и ќе ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ. Претседателот Пендаровски се заблагодари за сета досегашна поддршка од Словенија на планот на евроатлантските интеграции.

Двајцата соговорници констатираа дека напредокот на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

На средбата беа разменети мислења и за предизвиците од илегалната миграција, при што беше констатирана потребата досегашната успешна соработка да продолжи и во иднина, а со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Заедничка констатација на двајцата соговорници беше дека во иднина напорите треба да бидат насочени кон интензивирање на економската соработка и трговската размена, преку поблиска соработка на бизнис заедниците и поттикнување на инвестициите од двете држави.

Порака од претседателот Пендаровски до учесниците на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил

Порака од претседателот Пендаровски до учесниците на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил

Претседателот Стево Пендаровски упати порака до учесниците и организаторите на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Националниот парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион. Посакувајќи успех во реализацијата на...

Проштална средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Проштална средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Претседателот Стево Пендаровски  денеска на проштална средба го прими Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави  при што беше констатирано дека меѓу двете...

Учество на претседателот Пендаровски на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации

Учество на претседателот Пендаровски на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, што започнува денеска – 15 септември 2020 година. Поради пандемијата на КОВИД-19 оваа година сесијата се одвива виртуелно, без физичко присуство на светските...

Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот амбасадор Река

Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот амбасадор Река

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река. На средбата беа разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Албанија и беше изразено...

Pin It on Pinterest