Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити

29 јули 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Саит Саити.

На средбата беа претставени тековните активности на Црвениот крст, вклучувајќи ја актуелната кампања „Твоето незнаење чини живот“, која се однесува на давање прва помош при сообраќајни несреќи, и со која ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи низ целата држава.

Претседателот Пендаровски го истакна исклучителното значење на работата на Црвениот крст, како организација која е посветена на заштита на животот и здравјето на луѓето, особено во случај на несреќи и катастрофи.

Генералниот секретар Саити го запозна претседателот Пендаровски и со активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија за одбележување на 75-годишнината од неговото постоење, во 2020 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет. Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне...