Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Меѓународниот инклузивен драмски фестивал „Игри без маска 2019“

22 август 2019 | Aктивности, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, прими претставници на Меѓународниот инклузивен драмски фестивал „Игри без маска 2019“, што во ноември, по шести пат, ќе се одржи во Скопје, во организација на Здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви“ од Скопје.

Извршниот директор на фестивалот, Гордана Симоновска Момироска и уметничкиот директор на Фестивалот, Снежана Конеска Руси го информираа претседателот Пендаровски за предвидените подготвителните активности во пресрет на фестивалот, кој ќе трае четири дена, и на кој ќе има учесници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија.

Целта на проектот е остварување на законското право на лицата со хендикеп за нивно активно вклучување во културни настани, реализација на инклузивни обуки и работилници за нивна подготовка и учество во драмски дела и музичко сценски настапи со завршно претставување на театарската сцена.

Претседателот Пендаровски даде силна поддршка за одржување на фестивалот и изрази очекување дека во реализацијата на проектот ќе се вклучат поединци, институции и општествено одговорни компании, што ќе придонесе за јакнење на свеста и сензибилизација на граѓаните за прифаќање на лицата со хендикеп во своето непосредно и секојдневно опкружување.

Целни групи се корисници на институции за нега и грижа на лица со хендикеп, ученици од редовни и посебни училишта, корисници на домови и центри за нега и грижа, како и членови на невладини организации од земјата и од странство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....