Средба на претседателот Пендаровски со Карл-Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите

18 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со Карл-Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство за посетата, која е поддршка на аспирациите на државата за членство во Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето дека Европскиот Совет во октомври ќе одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, што според претседателот Пендаровски, ќе биде поттик за натамошно интензивирање на реформскиот процес, а во функција на севкупниот напредок на државата.

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на процесот на децентрализација и на соработката на локално ниво меѓу градовите и регионите, како важен предуслов за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, меѓу кои климатските промени, енергетската ефикасност, животната средина и безбедноста.

Претседателот Пендаровски оцени дека посетата на претседателот на Европскиот комитет на регионите на Северна Македонија претставува можност за натамошна соработка и пренесување на искуства, а во функција на подготовка на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за идното членство на државата во ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...