Select Page

Средба на претседателот Пендаровски со Александер Шаленберг, сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија

7 октомври 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Александер Шаленберг, сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија.

На средбата претседателот Пендаровски ја истакна важноста на принципиелната поддршка на Австрија за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската унија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европскиот Совет овој месец ќе донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, што ќе биде силен импулс за натамошна реализација на суштинските реформи во државата до нејзиното идно членство во унијата.

Министерот Шаленберг посочи дека Австрија дава целосна поддршка на процесот на проширување, оценувајќи дека Северна Македонија испорача резултати и, како што рече, сега на ред е Брисел да испорача. Според министерот Шаленберг, позицијата на Австрија е јасна дека Европскиот Совет треба да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, кои годинава одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава особено значење на развојот на билатералните односи со Австрија, која е најголем странски инвеститор во државата. Двајцата соговорници изразија задоволство од редовните средби на високо и на највисоко ниво. Во тој контекст беше оценето дека претстојната официјална посета на претседателот Пендаровски на Австрија е потврда на цврстото пријателство меѓу двете држави.

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 8 армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 8 армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред...

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид....

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред...

Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на „Охридско лето“

Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на „Охридско лето“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид. Реномираниот меѓународен фестивал традиционално се одржува под...

Pin It on Pinterest