Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Охридската група и високи претставници на НАТО

25 октомври 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Охрид се сретна со дел од учесниците на конференцијата „Охридски дијалог“.

На средбата со Џорџ Робертсон, претседавач со Охридската група и поранешен Генерален секретар на НАТО, претседателот Пендаровски му се заблагодари за досегашната поддршка којашто тој лично, но и Охридската група како целина безрезервно ја даваат за Северна Македонија.

На маргините на „Охридскиот дијалог“ претседателот Пендаровски се сретна и со челните луѓе на Атлантскиот совет и високи претставници на НАТО, односно Александер Вершбоу, Дејмон Вилсон, Марк Лејти, Џорџ Базби и Алесандро Минуто – Ризо.

Претседателот Пендаровски го искажа своето задоволство од брзата ратификација на пристапниот протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Како што посочи претседателот Пендаровски, протоколот за членство на земјата во НАТО во своите парламенти преостанува да го ратификуваат уште три земји, односно Франција, Холандија и Шпанија.

На средбата претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека единствена алтернатива за Северна Македонија е членство во НАТО и во Европската Унија.

„Патот до Алијансата веќе е на самиот финиш. Станувајќи 30-та членка на НАТО ќе биде загарантирана безбедноста и сигурноста на Северна Македонија“, истакна претседателот Пендаровски и додаде дека „единствена алтернатива за земјата е полноправно членство во НАТО и во Европската Унија“.

Во таа насока, како што рече претседателот Пендаровски, и покрај скорешното разочарување од недобивањето на датум, Северна Македонија пред се, поради своите граѓаните, неопходно е со побрзо темпо да ги заврши започнатите реформи. На тој начин, заклучи претседателот Пендаровски, ќе создадеме општество со европски вредности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...