Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ – Велес и Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија

30 октомври 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прими претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ од Велес и на Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија.

На средбата преставниците на здруженијата го информираа Претседателот за состојбата со болеста дијабетес во земјава и го запознаа со своите активности коишто се посветени на влијанието врз политиките за подобри услуги и поголема грижа за здравјето на лицата со дијабетес.

За претставниците на здруженијата, загрижувачки е податокот дека бројот на заболени од дијабетес во Република Северна Македонија е во пораст. Од 120.000 пациенти со дијабетес, 40.000 примаат инсулинска терапија, а зголемениот број на заболени од дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

Во таа насока, беше истакната потребата од подигнување на јавната свест за дијабетесот, промовирање на размена на квалитетни информации за дијабетот и обезбедување на едукација и подобри здравствени услуги за лицата со дијабетес.

Претседателот Пендаровски даде силна поддршка на граѓаните кои се соочуваат со дијабетот, и додаде дека е особено важно да се работи на унапредување на достапноста на третманот и воведување иновативна терапија од страна на релевантните здравствени установи, како и подобрување на здравствените услуги, со цел да им се овозможи поквалитетен живот на нашите граѓани кои се соочуваат со дијабетес.

Претседателот Пендаровски ги охрабри соговорниците да продолжат со нивните активности и ангажман, со што ќе се направи важен чекор за подобрување на здравствената состојба на лицата со дијабетес во нашата држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...