Средба на претседателот Пендаровски со членови на Сенатот на Република Италија

6 ноември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Италија денеска во Рим, оствари средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за Европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија, како и со членови на Комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, евро

пски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

На средбата беа констатирани одлични билатерални односи во многу области од заемен интерес, засновани врз меѓусебна доверба, почит и разбирање на повеќе нивоа на институционално партнерство.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста за натамошно интензивирање на соработката во рамките на парламентарните групи, како еден од суштинските аспекти во зајакнувањето на севкупната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Италија. Во тој контекст, подвлече Претседателот, нашата држава високо ги цени искуствата коишто произлегуваат од богатата италијанска парламентарна традиција и практики.

Осврнувајќи се на одлуката на Советот на Европската Унија да не ги започне преговорите за пристапување на Северна Македонија во Унијата, претседателот Пендаровски истакна дека, иако неповолна, ваквата одлука не смее да биде демотивирачка за нас, бидејќи како што подвлече, европеизацијата на нашата држава е неповратен процес за којшто постои јасен државен консензус, и за нас, друг одржлив алтернативен модел нема. Претседателот нагласи дека сите политички чинители во Северна Македонија имаат обврска да ги спроведуваат обврските коишто произлегуваат од европската агенда во интерес, пред сè, на граѓаните.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство за јасната и безрезервна поддршка, којашто во континуитет и ја дава Италија на Северна Македонија, во однос на нашите евроатлантски интеграции и се заблагодари за ратификувањето во италијанскиот парламент на Протоколот за членство на земјата во НАТО.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...