Средба на претседателот Пендаровски со претставници на здружени граѓански организации и иницијативи

14 ноември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници на здружени граѓански организации и инцијативи, потписници на отвореното писмо упатено до Претседателот на 30 октомври 2019 година, поврзано со заштитата на животната средина.

На средбата, на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа разменети мислења за предлозите и иницијативите во отвореното писмо упатено до претседателот Пендаровски за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено.

Претседателот Пендаровски пред претставниците на граѓанските организации и иницијативи посочи на потребата од меѓусебна координација и целосна вклученост на сите надлежни органи. Исто така Претседателот изрази подготвеност да ги поддржи сите граѓански иницијативи што се во функција на надминување на овој проблем и да помогне во нивната комуникација со надлежните институции.

Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека претседателот Пендаровски ги најавува следните иницијативи:

– Заштитата на животната средина за првпат ќе биде ставена како точка на дневен ред на идната седница на Советот за безбедност којашто ќе се одржи кон средината на декември 2019 година и на која ќе бидат поканети претставници на граѓанските организации;

– Претседателот Пендаровски ја враќа Стратегијата за одбрана во постапка како стратешки документ, со цел во истата да бидат вклучени точки и мерки за еколошка безбедност;

– Ќе ја застапува идејата за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина со цел да се приближи кон просекот на земјите-членки на ЕУ;

– Ќе даде поддршка за создавање на национален фонд за заштита на животната средина;

– Во рамки на процесот на образовните реформи да се вметне задолжителен број на часови со цел едукација, за учениците во основните и средните училишта да добијат образование за заштита на животната средина.

Истовремено, Кабинетот на претседателот, на барање на граѓанските организации во комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање доби информација дека А-интегрираната дозвола за РЕК Битола ќе биде издадена во текот на декември 2019 година.

Исто така, Претседателот ја поздравува иницијативата на Министерството за животна средина за донесување на нов закон за управување со отпад.

Во однос на барањето за ангажман на Армијата во справувањето со аерозагадувањето преку нивно вклучување во патроли и ноќни дежурства, Претседателот истакна дека внатрешниот ред во државата е надлежност на полицијата. Армијата, нагласи претседателот Пендаровски на средбата, веќе придонесува за заштита и за унапредување на животната средина преку низа активности, како што се засадување нови садници на опожарените места, расчистување на опожарените места, пошумување, расчистување на отпад од речни корита, селекција на отпад, активна обука и едукација на персоналот за грижа за животната средина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...