Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот претседател Пахор

23 ноември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Нови Сад, се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамките на 4. Регионален младински форум.

На средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а беа разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

За Северна Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција, посочи претседателот Пендаровски. Тој  се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО којашто беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија.

Претседателот Борут Пахор на средбата ги повтори заложбите на Словенија за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски додаде дека интеграцијата на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан во европските структури ќе биде огромен придонес кон трајна стабилизација на регионот, како и просперитетот на нашите општества.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Се реализира заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата од правниот систем

Се реализира заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата од правниот систем

Во врска со вашите прашања, ве информираме дека во однос на предлог Законот за помилување во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски  за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем,...

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Американски совети за меѓународно образование, меѓународна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, кои престојуваат во посета на нашата држава. На средбата се...

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...