Средба на претседателот Пендаровски со европратеникот Манфред Вебер

3 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Манфред Вебер, претседавач со парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент, кој заедно со делегација европратеници престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за европските аспирации на Северна Македонија, при што Претседателот Пендаровски нагласи дека полноправното членство во Европската унија останува стратешка цел на земјава, за што постои широк национален консензус и висока поддршка кај граѓаните.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека во очекување на одлука за почеток на пристапните преговори за членство, државата останува посветена на спроведувањето на реформската агенда.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од парламентарната група на Европската народна партија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија, реафирмирана со последната усвоена резолуција во Европскиот Парламент за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, како и за ставот на европратеникот Вебер дека Западниот Балкан е дел од Европа и има историска и стратешка важност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...