Средба на претседателот Пендаровски со учениците, добитници на медали на олимпијадата во Доха

17 јануари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими учениците коишто освоија пет медали на меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки којашто од 3 до 12 декември минатата година, се одржа во Доха, Катар. 

Во конкуренција на 409 ученици од 70 држави, на олимпијадата по природни науки македонскиот тим се закити со два сребрени и три бронзени медали, што претставува најголем успех на ваков вид на натпревари. Мајкл Георгиевски од гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и Никола Спировски, ученик во деветто одделение во скопското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, освоија сребрен медал. Бронзен медал, пак, освоија Емилија  Николовска,  ученичка  во  деветто  одделение  во ОУ  „Григор  Прличев“ во  Охрид, Матеј Гелев, ученик во деветто одделение во велешкото основно училиште „Блаже Конески“, како и Стефан  Дрмач,  ученик  во  прва  година  во  гимназијата  „Раде  Јовчевски-Корчагин“ од  Скопје. На олимпијадата учествуваше и Теона Кировска, ученичка во прва година во средното училиште „Кочо Рацин“, во Свети Николе.

„Секој позитивен пример мора да се истакне и државата мора да ги препознава и целосно да ги поддржува талентираните ученици и млади луѓе. Навистина е импресивно да се освојат пет медали на меѓународно, високо ниво. Посебно ме радува овој успех бидејќи досега многу ретко момчиња и девојки од нашата земја, учествувале на меѓународни натпревари“, истакна претседателот Пендаровски на средбата.  

Во оваа насока, претседателот Пендаровски посочи дека во рамки на своите надлежности во континуитет ќе дава поддршка за развој на потенцијалот и талентот на сите поединци во земјата.

На средбата, учениците го објаснија процесот на селекција на учениците коишто имаат право да учествуваат на овој натпревар. Односно, како што рекоа тие, поминале низ неколку подготвителни тренинзи со ментори, професори од Природно математичкиот факултет, во Скопје. Следен предизвик, како што посочија учениците, е олимпијадата во Франкфурт, Сојузна Република Германија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...