Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Мрежата за спречување на одлив на мозоци

31 јануари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со претставници на Мрежата за спречување на одлив на мозоци, којашто ја сочинуваат седум граѓански оранизации од целата земја, а коишто работат на теми поврзани со развојот на младите, младинските политики и права, како и младинското информирање.

 

На средбата, претставниците на мрежата му ги презентираа податоците од Анализата на Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високо образовани и стручни кадри 2013-2020. Интервјуата коишто биле спроведени со младите и институциите во рамки на анализата, покажале дека одредени прашања воопшто не се опфатени во Стратегијата, а тие се групирани во три области, односно економија, образование и комуникација и мотивација.

Младите луѓе го информираа претседателот Пендаровски дека нивната цел е да ја подигнат свеста кај институциите и кај граѓаните за проблемот со заминувањето на младите од нашата земја, но и во континуитет да предлагаат мерки и решенија за намалување на одливот на млади мозоци.

Претседателот Пендаровски на средбата повтори дека трендот на заминување на младите, талентирани луѓе од земјава е девастирачки. Исто така претседателот Пендаровски истакна дека решавањето на овој проблем треба да биде системско, односно со партнерство помеѓу невладините организации и државните институции.

Од своја страна, претседателот Пендаровски понуди целосна поддршка за идните проекти на Мрежата за спречување на одлив на мозоци, бидејќи како што рече претседателот Пендаровски, неопходно се итни мерки и активности коишто ќе придонесат барем за ублажување на трендот на исселување на млади луѓе од државата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...