Средба на претседателот Пендаровски со членовите на ДКСК

7 февруари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, предводени од претседателката на комисијата, Билјана Ивановска.

На средбата членовите на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната тековна работа, активностите на комисијата за време на претстојниот изборен процес, како и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024), што треба да биде усвоена од Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски рече дека стратегијата е добра основа за надминување на приоритетните проблеми кои генерираат висок ризик од корупција и изрази очекување нејзината имплементација да биде транспарентна, односно јавноста постојано да биде информирана за преземените мерки и активности. Претседателот Пендаровски повика на скорешно усвојување на стратегијата во Собранието.

Поздравувајќи ја досегашната работа на комисијата, претседателот Пендаровски на средбата истакна дека е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување на вредносен демократски систем којшто ќе биде во согласност со европските стандарди и критериуми, за што, неопходна е јасно изразена волја на сите политички чинители во државата. Обезбедувањето на транспарентност и ефективна координација и соработка меѓу институциите, според претседателот Пендаровски, ќе придонесе кон намалување на корупцијата и консолидирањето на демократијата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...