Средба на претседателот Пендаровски со волонтерите на Црвениот Крст: Вие сте олицетворение на солидарноста во своето најдобро издание

10 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во просториите на Црвениот Крст се сретна и поразговара со неколкумина волонтери.

Истакнувајќи ја важноста и придонесот на илјадниците волонтери на Црвениот Крст, на средбата, претседателот Пендаровски им честиташе за нивниот ангажман, мотивираност и пожртвуваност во овие тешки времиња за нашата земја. Тој посочи дека особено е важна нивната волја и желба доброволно да даваат услуги и да им помагаат на ранливите граѓани, без притоа да имаат каква било материјална или финансиска добивка.

Пријатно изненадување е, како што рече претседателот Пендаровски, дека илјадници главно млади луѓе им помагаат на сите на коишто им е потребна каква било помош.

„Драго ми е што немате никакви предрасуди и што покажувате дека солидарноста не е изгубена. Вие ја враќате вербата во тоа дека не е се изгубено, дека човештината постои. Воодушевен сум од тоа што го правите. Можам само да ве замолам да издржите, бидејќи оваа ситуација најверојатно ќе продолжи и во следниот период. Знам дека не е едноставно. Сакам да Ви се заблагодарам, како човек, не како претседател. Ова е солидарност во своето најдобро издание. Само продолжете така“, истакна претседателот Пендаровски во разговор со волонтерите на Црвениот Крст.

Истовремено, претседателот Пендаровски денеска преку видео врска поразговара и со претставници од оперативниот центар, со тимовите на општинските организации на Црвениот Крст на Карпош и на Битола. Претседателот Пендаровски го слушна и досегашното искуство во справување со пандемијата на вирусот КОВИД-19 на тимот на Црвениот Крст кој им даваа помош и поддршка на мигрантите и бегалците сместени во транзитниот центар во Табановце.

„Огромна благодарност за сите напори коишто досега ги имате вложено во оваа криза. Јас би ве замолил, бидејќи Вас ви е потешко од сите други граѓани да продолжите со својот ангажман бидејќи давате извонреден пример за сите нас, како треба да се поставиме кога на сите ни е тешко. Вие сте светол пример“, им порача претседателот Пендаровски на тимовите на Црвениот Крст.

При посетата на Црвениот Крст претседателот Пендаровски беше запознаен и со низата активности коишто ги реализира оваа организација за време на справување со епидемијата на вирусот КОВИД-19, а со кои организацијата придонесува во заедницата и промовира граѓанска и општествена одговорност. Активностите, како што рекоа претставниците на Црвениот Крст, се реализираат исклучиво со помош и поддршка на околу 7500 волонтери, а подразбираат купување и достава на намирници за храна и лекови, плаќање сметки, помош и поддршка на мигрантите и на бегалците, потоа на бездомниците, како и секаков вид на помош на повозрасните граѓани.

При денешната посета на Црвениот Крст, и претседателот Пендаровски доби волонтерска книшка и стана дел од тимот на волонтери на оваа организација. Исто така, претседателот Пендаровски денеска даруваше и крв при што истакна дека крводарителството е највисок степен на солидарност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....