Средба на претседателот Пендаровски со менаџментот на Рудникот САСА и Звонко Стоименовски, Најдобар рудар за 2020 година

1 септември 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Рудникот САСА од Македонска Каменица, предводена од генералниот директор Олег Телној. Покрај менаџментот на компанијата, на средбата беше присутен и Звонко Стоименовски, Најдобар рудар за 2020 година во Рудникот САСА.

На средбата претседателот Пендаровски му упати честитки на Звонко Стоименовски за признанието Најдобар рудар за 2020 година, оценувајќи дека во рударството, како една од најтешките професии, клучна алка за успех, покрај технологијата, е трудот и храброста на рударите. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупниот труд на рударите и резултатите што ги постигнуваат, како влог во македонската економија.

На средбата менаџментот на Рудникот САСА го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на компанијата, во услови на пандемија, планираните инвестициски активности, како и вложувањата во заедницата. Според менаџментот на компанијата, и покрај сите предизвици што ги наметна актуелната пандемија, рудникот САСА продолжи безбедно да произведува олово и цинк, во согласност со плановите за производство, притоа задржувајќи го фокусот на инвестициите во современа технологија, во безбедноста и благосостојба на вработените и заштитата на животната средина.

Претседателот Пендаровски оддаде признание за постигнатите резултати на компанијата и им посака успех во понатамошната работа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на...

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на...