Select Page

Средба на претседателот Пендаровски со организаторите на Струшките вечери на поезијата и поетесата Ива Дамјановски

2 септември 2020 | Соопштенија, Средби

По завршувањето на еминентниот меѓународен фестивал Струшки вечери на поезијата, денеска претседателот Пендаровски ги прими директорот на фестивалот Тодорче Тасевски и претседателката на жирото  за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“,  Ангелина Бановиќ – Марковска. На средбата присуствуваше и младата поетеса Ива Дамјановски  којашто за својата стихозбирка „Двоумење“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за 2020 година.

На средбата директорот на оваа културна манифестација Тодорче Тaсевски го информираше претседателот Пендаровски за настаните коишто се одржаа во рамки на 59-тото издание на Струшките вечери на поезијата  коешто поради пандемијата на КОВИД19 годинава имаше скратена и измената програма. Во оваа насока, како што посочи Тасевски, во Струга присуствуваа само домашните поети,  додека гостите од странство беа застапени преку видео читања. „Следејќи ги безбедносните протоколи и покрај редуцираната програма, и оваа година Струшките вечери на позијата ги задржаа своите најзначајни поетски содржини“, додаде директорот на фестивалот Тасевски.

Честитајќи им за напорите да не биде прекината шест децениската традиција на Струшките вечери на поезијата, претседателот Пендаровски истакна дека културата и уметноста се повеќе од неопходни во кризни времиња, како што е сега пандемијата на Корона вирусот.

„Во изминативе неколку месеци сите сме соочени со невообичаена ситуација. Најголем дел од настаните или се одложија или не се оддржаа воопшто. Затоа драго ми е што еден ваков меѓународно познат и признат поетски фестивал успеа да го задржи своето ниво на квалитет“ , заклучи на средбата претседателот Пендаровски.

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста  за   ракот   на   дојката

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

 Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк. „Имаме двојна обврска во врска со...

Порака од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 50-годишнината на фестивалот за детски песни „Златно Славејче“

Порака од претседателот Пендаровски по повод 50-годишнината на фестивалот за детски песни „Златно Славејче“

По повод одржувањето на 50. издание на фестивалот „Златно Славејче“, претседателот Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот упати порака по повод овој значаен јубилеј, посакувајќи им успех на сите учесници, во која истакна: „Веќе половина век фестивалот...

Претседателите Пендаровски и Пахор присуствуваа на показна вежба во Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија

Претседателите Пендаровски и Пахор присуствуваа на показна вежба во Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија. [gallery...

Pin It on Pinterest