Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Независната угостителска комора

3 септември 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Незавинсната угостителска комора, која во себе обединува 67 угостителски субјекти од државата.

На средбата претставниците на НУК ги претставија предизвиците со кои угостителскиот сектор се соочува во работата во услови на пандемија од КОВИД-19, како и нивната вклученост во насока на креирање, предлагање и реализирање на мерки и активности со цел справување со последиците од пандемијата.

Укажувајќи на актуелните состојби во угостителскиот сектор, претставниците на НУК пред претседателот Пендаровски ги претставија проценките дека приходите во оваа индустрија годинава ќе бидат намалени за две третини во споредба со претходно.

Претставниците на НУК го информираа претседателот Пендаровски за плановите за организирање на регионална конференција на угостители од Балканот, кон крајот на септември во Скопје, на која е предвидено да се разговара за начините и можностите за функционирање на угостителската индустрија во пресрет на вториот бран на пандемијата, која според нив е една од најмногу погодените од почетокот на кризата.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за изнаоѓање на начини и модалитети за унапредување на работата на засегнатите субјекти во овој сектор, преку стриктно почитување на здравствените протоколи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...