Средба на претседателот Пендаровски со британската амбасадорка Галовеј

3 септември 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за досегашната поддршка од страна на Обединетото Кралство во справување со пандемијата на КОВИД-19 во различни сектори, политичката соработка меѓу двете земји, трговската размена, како и бројните британски програми за поддршка во Северна Македонија во областа на одбраната, доброто управување и владеење на правото.

Соговорниците разговараа и за формирањето на новата Влада во контекст на фокусирање кон предизвиците од пандемијата, прилагодувањето на животот на граѓаните кон новата состојба и спроведување на потребните реформи во клучни области со цел продолжување на процесот на европска интеграција, како една од стратешките цели на Северна Македонија.

Амбасадорката Галовеј додаде дека во контекст на соработката во рамки на НАТО, ќе продолжи поддршката од британските колеги на рамноправна основа придонесувајќи кон колективната стабилност и глобалната безбедност.

Претседателот Пендаровски истакна дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство остануваат цврсти, притоа се заблагодари за долгорочната и постојана поддршка што Британија ја дава на земјава уште од нашата независност.

На средбата исто така амбасадорката Галовеј на претседателот Пендаровски му ја предаде и честитката од Нејзиното Британско Величество Кралицата Елизабета II по повод 8 Септември, Денот на независноста, којашто ја проследуваме во прилог:

“Ваша Екселенцијо, ми претставува посебно задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Северна Македонија”  

                                                                                                                                  Елизабета Р”

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...