Средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ

22 ноември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Србија, денеска оствари средба со претседателката на Народното собрание на земјата, Маја Гојковиќ.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Србија, а од страна на претседателот Пендаровски беше изразено уверување дека традиционалното пријателство, засновано на взаемна почит и разбирање и натаму ќе се продлабочува, имајќи предвид дека двете земји имаат долга заедничка историска и културна традиција и споделени цели за европска интеграција.

Исто така, на средбата се разговараше за добрата парламентарна соработка меѓу двете земји, како и парламентарната димензија на претпристапниот процес за членство во ЕУ и искуствата кои би можеле да се разменуваат меѓу двете земји со оглед на заедничката стратешка цел за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и претседателката на српското собрание Гојковиќ се осврнаа и на актуелните состојби во регионот, при што претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од изнаоѓање темелни и одржливи решенија на регионалните прашања со цел трајна стабилност и просперитет на целиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...