Средба со европратениците Шидер, Кјучук и Валсман и евроамбасадорот Жбогар

31 јануари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими европратениците Андреас Шидер, Илхан Кјучук и Марион Валсман, копретседавачи со „Жан Моне“ дијалогот, којшто денеска и утре ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваше и Шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.

Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека нашата држава високо ја цени постојаната принципиелна поддршка од Европскиот парламент и посветеноста во однос на процесот на проширување. Претседателот Пендаровски го истакна придонесот на европратеникот Кјучук, како постојан известител за Северна Македонија и на европратениците Шидер и Валсман, кои ја предводат Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, во функција на напредокот на државата во евроинтегративниот процес.

На средбата беа разменети мислења и информации за политичката состојба во државата, за тековниот реформски процес во контекст на интеграцијата во Европската Унија, како и за актуелните политички состојби во Унијата.

На средбата заеднички беше констатирана важноста од позитивен исход на разговорите во рамките на „Жан Моне” дијалогот, помеѓу лидерите на парламентарните партии во државата.

Претседателот Пендаровски пред европратениците истакна дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на Република Северна Македонија и го повтори очекувањето дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена на состанокот на Европскиот совет во март 2020 година. Истовремено, претседателот Пендаровски посочи дека се надева дека за време на хрватското претседателство ќе биде одреден датум за почеток на пристапните преговори на земјава со ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис...

Претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во...

Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет...

Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. [gallery...

Претседателот Пендаровски домаќин на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Претседателот Пендаровски домаќин на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Претседателот Стево Пендаровски на 29 и 30 ноември 2022 година ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Штајнмајер на...