Средба со пензионираните генерали во Армијата

23 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари работна средба со пензионираните генерали во Армијата на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски на средбата потенцираше дека Република Северна Македонија, како идна членка на НАТО, ја презема обврската да придонесува во овој колективен систем на безбедноста, каде што нашата Армија ќе биде рамноправна и компатибилна со сојузничките армии од другите земји членки на Алијансата, придонесувајќи за глобалната безбедност.

Претседателот и Врховен командант на Армијата, заблагодарувајќи им се на пензионираните генерали за несебичното залагање и придонес во градењето на Армијата, истакна дека тие и натаму треба да го даваат својот придонес, а државата да го користи нивното знаење и искуство во натамошните реформи, обучување на млади кадри и подготовка на нови законски проекти во интерес на Армијата и државата.

Претседателот нагласи дека ги поддржува реформите во одбраната и развивањето на професионална и модернизирана Армија и рече дека се залага за подобрување на животниот и професионалниот стандард на припадниците на Армијата, како и зголемување на одбранбениот буџет на 2% од БДП согласно критериумите на НАТО.

Пензионираните генерали изразија задоволство и благодарност до Претседателот за организирањето на оваа средба и изразија подготвеност за нивно вклучување во процесите и предизвиците кои претстојат.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...