Средба со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите

21 мај 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими претставници на влашката заедница во состав: претседателот на Демократскиот Сојуз на Власите, нејзиниот основач и претставник на бизнис заедницата, како и претставник на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и претставник на Партијата на Власите.

 

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува влашката заедница во реализирањето на нивните приоритети, како и за нивното активно учество во севкупниот политички и општествен живот во земјава, како и за претстојниот попис при што претседателот на Демократскиот Сојуз на Власите, Никола Бабовски го изнесе ставот на Власите за измени на Изборниот законик и една изборна единица со загарантирани места за припадниците на заедниците.

Соговорниците се осврнаа на досегашниот напредок во однос на остварувањето на правата на влашката заедница во повеќе области истакнувајќи дека за што поголеми резултати потребен е заеднички ангажман и максимална посветеност на сите чинители во нашето демократско општество.

Претседателот Пендаровски честитајќи им го Националниот ден на Власите, ја потврди својата поддршка за активностите на влашката заедница за промовирање на влашката култура, јазик и традиција во земјава со коишто придонесуваат во градењето на нашето мултиетничко, мултикултурно и демократско општество.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од...

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите...

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на...

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. На средбата со Ертан Шакири,...

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...