Средба со претставници на канцеларијата на ИОМ во Скопје и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

30 јули 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на канцеларијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Скопје и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

На средбата беше разговарано за севкупните активности на организацијата во нашата држава поврзани со миграцијата, нивниот ангажман во двата транзитни центри на јужната и на северната граница, како и мерките што организацијата ги презема во услови на глобалната пандемија од КОВИД-19

Посочувајќи ја важноста на партнерската улога на ИОМ со државните институции, претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната помош што организацијата ја дава во справувањето со миграцијата, спречувањето на насилниот екстремизам, зајакнување на безбедноста на границите, прекуграничната соработка, помош за децата на улица, поддршката на младинските организации, поддршката на лицата со попреченост, поддршката за ранливите категории граѓани итн.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно продлабочување на соработката на Република Северна Македонија со ИОМ, во насока на натамошно јакнење на капацитетите на државата во сферата на миграциите, согласно меѓународните стандарди.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...