Претседателот Пендаровски своето учество на 58. Минхенска безбедносна конференција го заокружи со средба со директорот на Кралскиот институт за надворешни работи, д-р Робин Ниблет.
Надворешната политика на Северна Македонија, предизвиците на евроинтегративниот пат, безбедносните закани врз Европа, а со тоа и регионот на Западен Балкан, беа темите во фокусот на состанокот.