Средба на претседателот Пендаровски со Герт Јан Копман, генералниот директор и Микела Матуела, в.д. директорка за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на ЕК

18 мај 2023 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Герт Јан Копман, генералниот директор и Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во државата, за текот на скрининг процесот, за односите со соседството и регионот на Западен Балкан во контекст на евроинтеграциите, како и за процесот на проширување на Европската Унија.

Соговорниците разменија мислења и информации и за состојбите и перспективите на земјите во регионот, во поширокиот геополитички и безбедносен контекст, предизвикан од војната во Украина.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за контиунираната поддршка од Европската Комисија за македонските евроинтеграции, ја истакна потребата од забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан која позитивно ќе влијае врз безбедноста, севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз евро-оптимизмот во регионот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...