Средби на претседателот Пендаровски во рамки на Парискиот мировен форум

12 ноември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на Парискиот мировен форум оствари билатерални средби со сојузната канцеларка на Република Австрија Бригит Биерлејн, со заменик претседателот на Народна Република Кина Ванг Кишан и со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

На средбата со австриската сојузна канцеларка Бригит Биерлејн, претседателот Пендаровски се заблагодари за безрезервната поддршка и солидарност на австриската влада за европската интеграција на Северна Македонија. На средбата беше нагласена потребата од засилена комуникација меѓу двете држави во пресрет на очекувањата за позитивна одлука за датум за отпочнување на претпристапните преговори за членство во ЕУ. 

Во разговорот со заменик претседателот на Народна Република Кина Ванг Кишан, претседателот Пендаровски истакна дека јакнењето на партнерството со Кина е во интерес на нашата надворешна политика и изрази поддршка на конкретните иницијативи што произлегуваат од процесот на соработка меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа 17+1, како и вклучување на Северна Македонија во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од „Патот на свилата“ што отвора сериозна перспектива за нови инвестиции и јакнење на економијата на нашата земја. 

На средбата со рускиот министер за надворешни работи, Лавров, претседателот Пендаровски ја реафирмираше долгорочната стратешка определба на Северна Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ, притоа на продлабочена соработка со Руската Федерација на теми од заеднички интерес. Претседателот Пендаровски ја поздрави претстојната Седница на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка во Охрид, со цел реализација на бројни активности во насока на интензивирање на соработката меѓу двете држави на економски план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...