Средби на претседателот Пендаровски со истакнати поединци во Битола во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

19 септември 2020 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

По неколку месечен прекин поради пандемијата на КОВИД19, од вчера попладне во Битола, продолжува реализацијата на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во рамки на посетата на општината, претседателот Стево Пендаровски се сретна со истакнати поединци и со претставници на правни субјекти, коишто со својот талент и преку имплементација на своите идеи придонесуваат за развој на Битола, но и на општеството во целина.

Спојувајќи ги заедничките идеи, Никола Танчевски и Злате Велјановски го реализираат проектот за производство на нано био-полимер. Во разговор со претседателот Пендаровски, тие објаснија дека овој течен препарат може во голема мера да го намали аеро загадувањето.  Нано био-полимерот, како што посочи Танчевски ги апсорбира и ја спречува емисијата на честичките ПМ 2,5 и ПМ 10, коишто се создаваат при изведување на градежни работи, изградба на патишта или површински ископ на руда. Оваа иновација, компанијата Бизифај ја произведува од еколошки полимери од обновливи извори.

„Сечиј успех мора да се почитува и да се истакне. Но, кога само со наполнети 9 години некој поседува огромен талент, во тој случај неопходно е тој дар и соодветно да се вреднува“, потенцираше претседателот Пендаровски слушајќи ја изведбата на гајда на младиот битолчанец Теодор Грујоски. Теодор на годинешниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, во конкуренција од над 50 натпреварувачи на различна возраст, ја доби највисоката награда, гајдата на Пеце Атанасовски. Љубовта кон музиката, како што вели тој, ја наследил од неговиот дедо, а потоа и од татко му. Посетува нижо музичко училиште, а покрај на гајда Теодор свири и на пијано, кавал, тамбура и на хармоника. 

Претседателот Пендаровски ја посети и работилницата на јутјуберот Марјанчо Атанасовски. Марјанчо од стари, неупотребливи апарати, изработува најразлични делови или пак комплетно функционални електронски апарати, овој процес го снима, а потоа видеата ги објавува на својот канал на Youtube. Hacktuber има околу 1,2 милиони следбеници, а видеата на Марјанчо досега вкупно имаат 207,5 милиони прегледи.

„Навистина сум изненаден како Марјанчо е помалку познат во својот роден град, во Битола, во споредба со неговата популарност во светот. Дополнително, фасциниран сум од трпеливоста и љубовта на Марјанчо кон електрониката“, рече претседателот Пендаровски на средбата со јутјуберот Марјанчо Атанасовски.  

Неодминлив дел од „Лице в лице со Претседателот“ и во Битола беше средбата со претставници на регионалните и локалните медиуми и со новинарите – дописници за националните медиуми. Разговарајќи за актуелните предизвици со коишто се соочуваат, новинарите ги истакнаа финансиските проблеми, како и намалувањето на дописничката мрежа. На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за медиумите и истакна дека е потребно да се подигне јавната свест за значењето на регионалните и локалните медиуми, со оглед на нивната улога и придонес за медиумската писменост, навремено и професионално информирање за средината од која доаѓаат.

Проектот „Лице в лице со претседателот“ им овозможува на граѓаните од различни населени места во Северна Македонија да имаат можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и лично да му ги посочат проблемите, идеите за нивно надминување, предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат, како и локалните успешни приказни кои честопати имаат значење за целата земја и надвор од нејзините граници.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...