Средби на претседателот Пендаровски во рамки на учеството на самитот на ПСЈИЕ во Сараево

9 јули 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево оствари билатерални средби со претставници на земјите-учеснички на самитот.

На средбата со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се пријателски и бележат позитивен развој со континуиран дијалог.

Двајцата претседатели констатираа дека Северна Македонија и Албанија споделуваат исти надворешно-политички цели, и во тој контекст ја истакнаа потребата Европската унија да ги валоризира напорите на двете држави преку одредување на датум за почеток на пристапните преговори за членство, како важен предуслов за стабилност во регионот.

На средбата со Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, беше констатирано дека двете држави негуваат одлични политички односи и споделуваат исти надворешно-политички приоритети. Двајцата претседатели изразија подготвеност за интензивирање на соработката меѓу двете земји, како во рамки на регионалните иницијативи, така и на мултилатерален план. Претседателот Пендаровски се заблагодари за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Собранието на Црна Гора.

На средбата со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и за состојбите во регионот. Двајцата соговорници ги реафирмираа заложбите за натамошно продлабочување на билатералната соработка на политички и на економски план, како и во однос на европските интеграции.

На средбата со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот Пендаровски се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, потврдена со ратификацијата на протоколот за членство на државата во алијансата од страна на словенечкиот парламент.

Претседателот Пендаровски во Сараево учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), каде се обрати на пленарната сесија на самитот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...