Стручно предавање за студенти по медицина од страна на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска

17 август 2020 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер во Вила Водно одржа предавање за студенти по медицина на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“. На настанот на којшто беа присутни дваесетина студенти по медицина присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Предавањето коешто е организирано во соработка со Здружението на студентите по медицина, е дел од иницијативата која беше започната во февруари годинава, со предавањето на  министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб.

Ѓоргиевска на студентите по медицина им зборуваше за една нова техника на визуелизација – микро компјутерска томографија од истражувачки аспект при што истакна дека оваа тема е поразлична од она што секојдневно го слушаат и работат бидејќи освен со стручните истражувачки податоци ќе имаат можност да се запознаат со значењето на меѓународната соработка и со тоа што се прави во светот на оваа тема.

„3D микроскопија со x-зраци овозможува да се визуелизира внатрешната 3D структура на примероците на недеструктивен начин. Технолошкиот метод кој стои зад ова е микрокомпјутерската томографија, техника на недеструктивно снимање, кое го користи истиот метод како медицинските CT скенови, но на исклучително тенки пресеци со екстремно зголемена резолуција, при што може да се добијат микрофотографии дури на субмикронско ниво“, истакна Ѓоргиевска на предавањето за студентите по медицина.

Од Здружението на студенти по медицина беше истакнато дека во овој кризен период тие како млади идни лекари треба да имаат активна улога во својата локална заедница, прво за да дадат пример, а потоа преку активности, проекти и соработка меѓу нив да помогнат и да бидат поддршка на здравството во државата во справувањето со Ковид-19.

На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи.

Целта на иницијативата е студентите и младите лекари да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...