Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

3 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од интензивниот политички дијалог меѓу двете држави и упати благодарност до германскиот претседател за постојаната германска поддршка за нашата европска интеграција и затоа што прашањето за проширување на ЕУ е во приоритетите на германското претседавање.

Во таа насока, претседателот Пендаровски  посочи дека очекува до крајот на годинава да се одржи првата меѓувладина конференција со што ќе се означи официјалниот почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Отпочнувањето на преговорите ќе биде дополнителен мотив за земјава и поттик за понатамошно спроведување на неопходните суштински реформи, особено во сферата на правната држава и социоекономскиот развој.

Сојузниот претседател Штајнмајер истакна дека после конструктивните разговори меѓу претставниците на владите на Северна Македонија и Бугарија во Берлин во текот на вчерашниот ден, се надева дека во рамките на германското претседателство, до крајот на годинава, официјално ќе започнат преговорите на ЕУ со нашата држава. При тоа, истакна дека билатералните прашања треба да се решаваат во духот на добрососедството и на европските вредности.

Двајцата претседатели констатираа дека прашањата во однос на историјата треба да продолжат да се дискутираат меѓу експертите во рамките на заедничката комисија за историски и образовни прашања. При тоа, беше истакнато позитивното искуство на Германија во оваа сфера и беше понудена поддршка на работата на комисијата.

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер го осудија терористичкиот напад во Виена и оценија дека тој е напад врз заедничките европски вредности во кои веруваме. Исто така, се согласија дека е неопходна засилена соработка на безбедносен план за превенција и пресретнување на терористичките закани.

Претседателите разговараа и за состојбите во двете држави во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната германска помош за нашата држава во справувањето со пандемијата.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...