Select Page

Претседателот Пендаровски ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал

26 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски со указ ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал.

Чиновите на двајцата армиски офицери им беа врачени денеска од страна на претседателот Пендаровски на свечена церемонија во „Вила Водно“, на која присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Симеон Трајковски ја извршува должноста началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата од 2017 година. Од добивањето на поканата за членство во НАТО е активно вклучен во сите процеси и преговори со НАТО како еден од носителите на процесот за пристапување и интеграција на Армијата во НАТО.

Бесник Емини ја извршува должноста Командант на 1. пешадиска бригада, од јули 2019 година, која е носечка сила на Армијата. Во текот на неговата воена кариера бил многупати пофалуван, а е и носител на медал ARCOM, Iraqi Freedom, 2007/2008 година.

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

На овие простори пописот се врзува за политичка операција, затоа што се уште правата на луѓето се гледаат пред се низ националната призма. Затоа, ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот и да ги одзема правата,...

Средба со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Средба со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул....

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи. Честитајќи му го изборот за поглавар на ИВЗ, претседателот Пендаровски му посака успех во...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Русос Кундурос. На церемонијата, претседателот Пендаровски рече дека односите...

Pin It on Pinterest