Во рамки на активноста „Отворен кабинет“, Вила Билјана во Охрид ја посетија учесниците на регионалниот мултимедијален настан на карванот „Остави трага“ којшто е дел од серијата јавни настани насловени „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“ спроведен од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.
Посетителите имаа можност да ја разгледаат и да се запознаат со историски податоци за Вила Билјана, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби.
Во рамките на посетата, посетителите имаа можност да се запознаат и да поразговараат со сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска со која разговараа на теми поврзани со нејзините активности, како и за нејзината вклученост во мултимедијалниот настан на карванот „Остави трага“.