Разговор со припадници на Армијата распоредени во меѓународни мировни мисии

30 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска, преку видео-врска, разговараше со припадници на Армијата, распоредени во меѓународните мировни мисии „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР во Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан.

Во разговорот, припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за начинот на извршување на нивните должности и за тековните активности. Сите поединечно истакнаа дека се во добро здравје, мотивирани и многу добро прифатени, како од командантите на мисиите, така и од нивните колеги од другите земји учеснички во мисиите.

Претседателот Пендаровски истакна дека со професионалното извршување на своите задачи, нашите мировници даваат значаен придонес во колективниот систем за безбедност. Во разговорот претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Пендаровски истакна дека 2020 година имаше историско значење за Армијата, со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, чин што е признание за сработеното во одбраната, вклучувајќи го и придонесот во меѓународните мировни операции во изминатите години.

Посакувајќи им добро здравје во новата 2021 година, претседателот Пендаровски на припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мировни мисии им посака успешно извршување на должностите и безбедно враќање дома.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на...

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Во интервју за TRT World, реализирано за време на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателот Пендаровски говори за надминувањето на разликите за името и влезот на државата во НАТО, апсирациите за членство во Европската Унија и војната во...