Учество на претседателот Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум

18 јуни 2021 | Соопштенија

Во рамки на учеството на претседателот Стево Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум кој се одржа на тема: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, денеска тој се обрати на лидерскиот панел на тема: „Како можеме да ја зајакнеме регионалната солидарност во поглед на научените лекции?“

Претседателот Пендаровски во својот настап зборуваше за состојбата предизвикана од Ковид-19 во земјите од Западен Балкан истакнувајќи дека сите бевме сведоци како би изгледала нашата реалност доколку секоја земја остане сама и доколку сите механизми за соработка развиени во минатото, бидат целосно или делумно напуштени.

Меѓу другото, претседателот истакна дека пандемијата покрај девастирачкиот ефект врз начинот на живот, покажа и дека повеќе соработка и поголема солидарност значи полесно справување со проблемите и тешкотиите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...